Гаранциите му се дадени на Иванов, сега тој треба да каже го дава или не мандатот на парламентарното мнозинство и Заев.Неофицијално Иванов на 18 мај ќе си замине повторно на службено патување, ден пред истекот на законскиот рок за доделување мандат. Тоа би знчаело виза од него лично новата влада и без него да се изгласана во парламент
Денеска се очекува Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов да се изјасни за верзијата на гаранцијата што ја подготвуваат СДСМ и парламентарните коалициски партнери што тој ја побара за да го додели мандатот за состав на нова влада, која како што јави вчера Телевизија 24 му била доставена.
Според информации на Телевизијата од парламентарнити мнозинство, доколку нема забелешки се очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев утре (вторник) и официјално во име на новото мнозинство лично да му ја достави гаранцијата и да го добие мандатот.
Неофицијално Иванов на 18 мај заминува на службено патување, ден пред истекот на законскиот рок за доделување мандат.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот на брифингот за новинарите рече дека неговите законски обврски кон Иванов завршиле и доколку тој во рок од 10 дена (19 мај) не го додели мандатот ќе следува втората варијанта, а тоа е формирање влада без мандатод Иванов со гласање на пратениците во парламентот.