За Мицкоски резолуцијата на германскиот Бундестаг е „степен подолу“

од Nikola Popovski

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повтори дека на маса има предлози за како да се разреши ситуацијата после лидерската средба и за како да продолжат разговорите, со цел донесување на уставните измени и внесување на Бугарите во Преамбулата.

-Ковачевски треба да се произнесе и да каже. Кога ќе се определи, тогаш можеме да влеземе во следната фаза на преговори. Да потсетам – одложено дејство на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и избори на есен. Три датуми беа кажани. Потоа заеднички да ги исполниме трите столбови – гаранции, социо-економски пакет  и дали нашите источни соседи се добри соседи или се само добри на соопштенија, а во пракса и суштина ништо не прават, рече Мицкоски од општина Аеродром.

За резолуцијата на германскиот Бундестаг, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е „степен подоле“.

-Јас не знам која ја креира стратешката комуникација во СДСМ затоа што неколку дена го прозираат ВМРО-ДПМНЕ и мене зошто ЦДУ не гласала за резолуцијата. И кога мислите дека го допреле дното, тие ви кажуваат дека сте биле песимист, а требало да бидете оптимист, бидејќи можеле подлабоко да одат, кажа Мицкоски.

-Прво на предлог на ЦДУ во минатото во владата на канцеларката Меркел има многу потврда Резолуција која посилно ги брани македонските идентитетски одредници.  Второ ќе ве потсетам и сакам да се знае дека кога Германија претседаваше со ЕУ, во времето кога канцелар беше Меркел и кога ЦДУ беше владејачка партија стигна предлог во кој ниту билатералниот договор беше во преговарачката рамка, ниту пак се отвораше прашањето за македонскиот јазик, а што се однесува до историјата и останатите идентитетски одредници не се ни споменуваа, потенцираше лидерот на опозицијата.

Слични содржини