За над 152% зголемен извозот на млеко од земјава

од Vladimir Zorba

Македонија во текот на минатата година извезе млеко во вредност од 6.027.000 долари, што е за 152,1% повеќе во однос на периодот од 2015-та до 2019-та година.

Во глобални рамки, извозот на млеко во 2019-та година достигна вредност од 28,6 милијарди долари, што е за 0,8% помалку во однос на една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Нов Зеланд е најголем извозник во светски рамки со 21,8% удел и 6,3 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на млеко се најдоа и: Германија (2,9 милијарди долари), Холандија (2,4 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари) и Белгија (1,8 милијарда долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на млеко има Словенија со 132,8 милиони долари, по што следат: Босна и Херцеговина (36,2 милиони долари), Србија (29 милиони долари), Грција (21,5 милиони долари), Хрватска (15,8 милиони долари) и Бугарија (13,8 милиони долари).

Слични содржини