За погреб во капелата Бутел ќе може да се престојува само половина час

од Берта Китинска
625 прегледи

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов информира дека согласно препораките на владата, поврзани со коронавирусот, погребалното претпријатие Бутел го скратува престојувањето во капелите за погребалните церемонии од еден, на половина час.

„Почитувани, иако ова известување можеби звучи непријатно, заради емоциите кои секој од нас ги има кон своите блиски, Ве известувам дека согласно препораките на Владата, погребалното претпријатие Бутел ад Скопје, претстојувањето во капелите за погребалните церемонии го скратува од еден на половина час. После секој обред, секоја капела се дезинфицира. Чувајте го своето здравје со почитување на препораките“, вели Шилегов.

Слични содржини