Мнозинството луѓе не знаат, но оние кои имаат базично социолошко и истосриско образование знаат дека за време на  Првата светска војна во Македонија дошле антрополози од Франција и Германија за да го изучуваат македонскто  население (како што на тв гледаме како ги изучуваат црнечките племиња во Африка). Се инстересирале за тоа како  успеваат да живеат и како се снаоѓаат за фреме на криза и војна, за меѓучовечките и политичките односи и  воспитувањето. Можеби Ви изгледа смешно но вистинито е, нашите предци ги анализирале како оние африкански племиња  кои на тв ги гледаме како одат голи и каде што сеуште веруваат во тотеми.

refugees

Тоа е науката, но за зашто би мислеле дека Институтите по социологија, политика и комуникации во најголемите  разузнавачки аналитички центри на БНД или ЦИА не би ја анализирале состојбата во Македонија бидејќи имаат одличен  научен репрезентативен примерок од околу 1,5 милиони луѓе за кои е лесно да се истражуваат- и народот, и  иснтитуциите и политичките елити…

Еве како потврда за оваа теза е фактот, дека сите знаеме дека во македонското МВР функционира секторот Аналитика  кој ги анализира сите политички, економски, социјални, медиумско-психолошки и безбедносни случувања во  државава… а експертите во МВР сигурно не го измислиле први во свет секторот Аналитика, нели…

Секако со новиот технолошкокомуникациски напредок етапно напреднаа и социјалните револуции во Европа, од рушењето на  Чаушеску, преку Милошевиќ па се до обоените револуции во Украина- со два преврати…

И еве да ве потсетам дека руските власти почнаа да ги чувствуваат како закана револуциите, а нарочито обоените,  и почнаа да преземаат мерки за т.н. психолошка вакцинација против таквите револуции преку образовни методи.

Еве на пр.  локално.мк на 4 март годинава ја пренесе информацијата:

“Научниот одбор на Советот за безбедност на Русија ќе препорача на раководството мерки за спречување на “обоени  револуции” во земјата – на пример акции против протестите во социјалните мрежи и “формирањето на револуционерно-  романтичен стереотип во општеството”, пишува “Комерсант”.

5580-04-drugs658

Надлежноста на научниот совет вклучува “научно-методолошки оценки и предвидувања за внатрешни и надворешни закани  кои влијаат врз социо-економскиот развој на Руската Федерација, гарантирање на националната безбедност”, посочува  весникот.

Кремљ потврди дека Советот за безбедност развива “мерки за заштита на суверенитетот на земјата”.

Според Андреј Манојло – член на научниот совет и професор на Московскиот универзитет,кој работел пред тоа во  тајните служби, Советот за безбедност “безусловно” ќе добие доверливи препораки.

Тој констатира дека има зголемен ризик од државен удар во Русија, организиран однадвор: “во позадината на  западните санкции и влошувањето на економската ситуација убиството на Борис Немцов во пресрет на масовна  манифестација можеше да предизвика формирање на податлива агресивна политичка толпа”-

Што укажува ова!? Ова укажува дека Русија ,а како си секоја држава меѓу кои и нашава, се обидува да ја стави под “своја рака”  психолошката, политолошката, социолошката и медиумската наука за да води тн. “специјална војна против своето  население” за да одржи социјален мир и за да остане на власт што подолго…

Ама да се вратиме на регионов, бидејќи е доста специфичени и…Обрнувам внимание на релацијата Унгарија,  Македонија, Турција, а во последно време и Србија …

Во сите овие земји имаме тврдења за диктаторско владеење на Виктор Орбан, Никола Груевски, Реџеп Ердоган и Вучиќ…

Самите видовте дека Жан Клод Јункер го начере Орбан “малиот диктатор”, светските медиуми и аналитичари го  опишуваат Груевски како диктатор и популист, а Ердоган веќе самиот се докажа во диктатурата, крваво задуши две  револуции- една помала и една поголема… а за Вучиќ , само ако погледнеме РТС, ќе видиме дека го има во  идентично време на ТВ за сите негови успеси секој ден…

images

И како дојдоа на власт сите овие авторитарци!? Сите на ист начин- Орбан како млад популист со ветување за  економски препород, Груевски исто така со фамозната ” преродба”, Ердоган како успешен градоначалник кој го прероди  Истанбул и со ветување дека Туrција ќе ја направи светска велесила…

Одиме понатаму со другата нивна карактеристика- во период додека пуштаа пари во оптек за да се засилат  економските движења (се задолжуваа), закажуваа избори кога имаа добар рејтинг и кога сакаа (во просек на 2 год) се  додека не ја зедоа под свое целата власт- локална и централна (законодавна, судска и извршна)… И сите направија  еден централизиран систем на одлучување, а потоа и на криминал…

И третата од многуте карактеристики е медиумите- полека,полека ги затворија проопозициските медиуми… Крајно  отидоа Ердоган и Груевски кои пуштија полиција за да ги затвораат.

Ама има и една друга коинциденција… секогаш кога на овие четворица ќе им “вжешти” политички, МЕДИУМСКИ се  поддржуваат еден со друг, секако претставувајќи го другиот како “голем патриот” поради некој политички неуспех, на  пример знаењето дека нема Македонија да ја примат во НАТО, а Груевски да не излезе како губитник и неспособен.

Еве пример… вест од 29 септември 2011 -тата, како Ердоган ја обвинува Грција за тоа што Македонија не била во НАТО, а Груевски правел се за да ја внесе.

“Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Грчкиот став за  нас е неразбирвлив и неправеден. Ние немаме разбирање за никаква додавка како горна, долна северна. Живееме во  голбален свет во кој треба да преовладува мирот и разбирањето, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на  заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

download

Ердоган побара Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и ЕУ и најави оти Турција засилено ќе продолжи да  ја поддржува во процесот на нејзинaта евро и евроатлантска интеграција. Во однос на напорите за зачленување во Европската унија, турскиот премиер прогнозираше дека Македонија е земја која брзо напредува, стабилна и просперитетна, која ги спроведува своите обврски на сериозен начин, и затоа ќе  стане дел од ЕУ побрзо и од Турција.

Двајцата премиери истакнаа дека Македонија и Турција немаат отворени политички прашања, ќе ја засилат веќе  тесната билатерална соработка и ќе ја интензивираат трговско-економската соработка и размена.”

И секако оваа вест ечеше неколку денови низ македонските медиуми.

Еве пак на пример кога на Ердоган му се “вжешти” од крвавите немири во паркот Гези во Истанбул, бланко му дојде  поддршка од македонска страна која исто така ечеше во турските провладини медиуми… Улогата падна на Иванов,  нели „нашето срце е со Ердоган“…
“Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, му дал поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за неговите  ставови во однос на внатрешните работи и проблеми на Турција.
Како што пренесе „Анадолија“, Иванов, на средбата со шефовите на турската владина агенција во Охрид, за  актуелната ситуација во Турција изјавил дека Македонија го поддржува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и  нагласил дека „нашето срце е со Ердоган“.
Агенцијата во веста објавена пред два дена цитира и изјава на македонскиот претседател во која тој вели:

images (1)
„Господинот Ердоган да не се мачи и да се спротивстави. На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат  странски држави, кои си прават свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото“. Поддршката на Иванов се толкува како определување на шефот на македонската држава во однос на антивладините  протести во Турција, во кои владата на Ердоган се обвинува за недемократско владеење.”

А пак кога Виктор Орбан , пред парламентарните избори во 2014 години пред електоратот сакаше да се покаже  како голем водач на меѓународна сцена, бланко му стигна големо државно одликување од Македонија… И секако во  Унгарија провладините медиуми на големо го “пумпаа” овој голем настан на одликување.

“Со орден за заслуги 8. Септември, претседателот Ѓорѓе Иванов го одликуваше унгарскиот премиер.

download (1)

Образложението е дека признанието му се доделува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на земјава”

И да ја забележиме и последната поддршка од пред неколку недели на Вучиќ пак за Македонија, кога му “гори под нозе” на Груевски во последнава политичка криза! И секако оваа изјава дека Груевски бил жртвата ечеше во македонските провладини медиуми

“„Србија е единствената стабилна земја во регионот, видете, на пример, што се случува во Македонија, таму им бираат влада, експертите кажуваат кој треба да биде поставен за министер, му реков на Никола (Груевски) дека не разбирам за што се работи, но секоја чест што го дозволува тоа.

download (2)

Во Црна Гора, исто така, гледате што се случува, во Приштина голтаат солзавец секој ден, во Хрватска сé уште нема влада и не се знае кога ќе ја има. Во БиХ и да не говорам, а во Романија го сменија премиерот поради тоа што изби пожар во дискотека, а го гонат поради тоа што како адвокат, но не како премиер, некаде дал десет илјади евра“, изјави српскиот премиер.

Во поглед на пишувањата во српските медиумите периодов дека во земјата се подготвува државен удар, Вучиќ одговори дека немало обид за таков удар, но дека постои „перманентна“ желба да се сруши власта, без притоа да открие кој стои позади тоа. “
И на крај останува да заклучиме дека, целата пропаганда и политиките за поддршка кога им треба на овие лидери, доаѓа од еден ПР центар за кој можам да кажам дека е доста инвентивен.
Многу лесно се забележува дека во овие земји се што се случува на медиумски и политички план е ИДЕНТИЧНО. Во сите овие земји има изграден еден ист институционален систем на реакција при обид за рушење на актуелното политичко раководство со изразување на социјални немири.

И да се вратиме на почетокот- оваа иста политичка стратегија за “спротиставување на обоените револуци” се перцепира и од странските социо-политички институти во разузнавачките служби на западните земји, бидејќи се идентични.
Но западњаците се свесни дека напредна и науката и технологијата за манипулација на народните маси, и затоа сметам дека готват една нова стратегија за туркање на диктаторските режими тука во Европа, без крв и без големи тектонски поместувања за да не се здобијат со власт радикалните структури во овие земји и да не подпаднат под руско вликание. Од овие најголем проблем се Турција и Унгарија, па следи Србија и на крај Македонија, бидејќи е најмала…Да потсетиме Орбан е опасен за постоењето на ЕУ, а Ердоган за ширењето на исламизмот и судирот со Русија.

bejli-i-orav-860x680
Но за секоја специјална војна за да биде спроведена успешно треба да се направат неколку вежби , а потоа и генерална проба, за да се види како ќе реагира системот. И македонската политичка криза е идеална за полигон за овие специјални вежби за туркање на политички режим. Едноставно, сега дипломатите и службите во Македонија го анлизираат секој потег на системот на Груевски во политичката криза од безбедносен,медиумски, политички, економски и социјален план, за да можат понатаму да го користат како предзнаење кога би го рушеле режимот на Ердоган или Орбан, бидејќи системите на сите овие тројца функционираат идентично.

 

Значи можам да заклучам дека се што ќе се случува на македонската политичка сцена, ќе биде искористено во научни цели, а потоа и употребено како модел за рушење на авторитарни системи, исто така како што моделот за рушење на Милошевиќ беше идентично употребен во Украина. Ете и ние во нешто да бидеме први !
Филип Ѓурчиновски

Слични содржини