За прв пат во Македонија најпознатата виолинистка на сите времиња – Ванеса Меј

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј е британска мега популарна виолинистка.

Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња.  Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед.Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот.

Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми.

Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.
Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет.

Ванеса е првиот изведувач на  класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”. Во 2006 годинаe рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.

На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, каде ќе се претстави пред публиката во Вип Арена Борис Трајковски на 15ти мај 2017во Скопје. Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот.