За ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА – различните застануваат зад еден кандидат

од Марта Пешевска
118 прегледи

Се ОБЕДИНИВМЕ повторно! Сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби Бошњаци и сите други! Социјалните мрежи екплодираа по објавата дека Стево Пендаровски е претседателскиот   кандидат на СДСМ и на уште 31 партија.

Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по средбата вечерва со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

-Се обединивме повторно сите Македонци, Албнаци, Срби, Турци, Власи, Роми Бошњаци и сите други. За првпат во македонската историја различните застануваат зад Стево Пендаровски, изјави премиерот.

– Пендаровски одамна одлучи да оде напред и да влече. Да биде локомотива. Голема благодарност за другите кандидати, министри од Владата кои покажаа големина и го поддржаа надпартискиот кандидат. Да живее нашето заедништво. Да живее нашето заедничко општество. Ова е историска одлука. Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија, потенцира Заев.

Посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно  се обединија и покажаа дека националните се над сите  партиски  интереси.

Социјалните мрежи буквално експлодираа за одличната вест која ја соопштија    Зоран Заев и коалиционерите.

Се коментира дека Пенадровски мора да си ја врати победата што му ја украде Иванов.Дека победникот се знае дефинитивно веќе од денеска , дека  СДСМ ќе излез уште посилно  и добро е што министрите ќе останат  за да ги довршат реформите и добро е што ќе победат граѓаните и ќе си ја вратат победата украдена од врхушката на Груевски и Иванов кој два мандата ја срамеше државата со своите настапи и одлуки.

Стево Пендаровски (56) е актуелен национален координатор за НАТО. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје во 1987 година. Подоцна тој бече дел од на Институтот за социолошки и политички правни студии на истиот универзитет. Подоцна станал вонреден професор на Американ  колеџ за економија во Скопје.

Во 2008 – 2014 година работел на истиот универзитет каде предава теми како што се меѓународна безбедност, глобализација, светска политика и САД, меѓународни организации и институции, надворешна политика, тероризам. 

Автор е на повеќе книги и дела објавени во Македонија и во странство.

Во 2001-2004 и 2005-2009 година беше советник за национална безбедност и надворешна политика на двајца различни претседатели – Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. 

Тој беше кандидат на СДСМ на претседателските избори во 2014 година,  но поради изборни нерегуларности победата му ја украде од актуелниот  претседател на заминување  Ѓорге Иванов.