За три дена заразени 614 лица, починаа 10 лица од ковид

од Берта Китинска
207 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 19.08 до 21.08.2022):

Направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово – 21, Гевгелија – 18, Гостивар и Кочани – по 16, Струга – 13, Тетово – 12, Штип – 11, Радовиш – 10, Велес, Кичево и Крива Паланка – по 9, Делчево – 6, Виница и Пехчево – по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово – по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар – по 3, Демир Капија – 2, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 505, Битола – 81, Кавадарци – 61, Тетово – 45, Куманово – 42, Прилеп – 34, Велес – 32, Гостивар и Штип – по 25, Неготино – 24, Струмица – 22, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Делчево – 11, Берово – 10, Ресен – 9, Кратово – 8, Кичево – 7, Охрид – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Радовиш, Виница и Демир Капија – по 4, Крушево – 3, Струга – 2, Пехчево, Демир Хисар, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.804 тестови преку: ИЈЗ-160, ЦЈЗ Скопје-123, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-22, ЦЈЗ Куманово-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–112, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-40, Биотек-52, Систина-40, лабораторија Лаор-7, Синлаб-10, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-7, Никоб Лаб-72, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.

Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025.

Слични содржини