За утре закажани седници на ЦО и ИО на СДСМ

од Radmila Tasevska

Утре извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ ќе одржат седници, потврдија извори од партијата. Се очекува претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со „Алијанса за Албанците“ за евентуално приклучување кон владеачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер „Алтернатива“ со чиј лидер Африм Гаши денеска одржа средба.

Од „Алтернатива“ не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција.

Слични содржини