За жени: Вежби за затегање на градите

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Градите се еден од најатрактивните делови од женското тело. Нема човек кој не сака добро оформени женски гради. Се разбира, секој има различни параметри – на некои мажи им се допаѓаат повеќе надарени жени, на други им се допаѓаат дами со помали, но црвсти гради. Дефинитивно можеме да резимираме дека е важно градите да се затегнати, тогаш тие навистина изгледаат добро.

Многу девојки сонуваат за силиконски импланти, бидејќи сметаат дека тоа е клучот на најубавите гради. Тоа не е точно, бидејќи многу мажи признаваат дека силиконот не им се допаѓа и преферираат природни. Затоа е подобро да се грижиме за своет тело, со спорт. Ќе понудиме неколку вежби за гради кои ако ги правите редовно, ќе добиете одлични резултати.

Тегови над глава. ти требаат тегови од килограм, максимум два, според тоа колку си подготвена физички. Не смеат да бидат многу тешки, бидејќи нема да има ефект. Ако немаш тегови, земи две шишиња по 1,5 литри, ќе ти ја завршат истата работа, но се понезгодни за држење. Легни на подот и исправи го убаво грбот. Треба да дишеш рамномерно. Идејата е да туркаш со рацете нагоре, а лактите да се паралелни со брадавиците.

5ef7d350f566cf920a6828148b9c74d5

Направи неколку серии од по 10 пати. Не смее да се напрегнуваш премногу, бидејќи оваа вежба ги оптоварува и рацете.

Собери ги дланките пред градите и заврти ги навнатре кон телото. Лактите треба да се надвор, а прстите да покажуваат кон земјата. Треба да се стремиш да ги собереш своите раце, колку можеш повисоко, а потоа да ги симнеш надолу кон телото. Направи го тоа неколку пати.

Седни удобно на каучот или во фотелја. Потпри ги рацете на потпирачите и пробај да ги подигнеш нозете напред, додека се затегнати. Преклопи ги рацете  и  отпуштај го полека тело. Рацете го контролираат движењето. Треба да ја повториш оваа вежба на неколку серии по 5 пати.

Склекови за жени. Оваа вежба се смета за типично момчешка и е тешка на жените. Но можеш да ги стегнеш градните мускули со неа. Добро знаеш каква е позицијата на телото за склекови. Но не се застанува на прстите на нозете, туку на колена. Така е полесно и ќе можеш да се справиш со напорот.