Откривањето на заб стар 9,7 милиони години во Германија може да ја промени историјата во поглед на настанокот на цивилизациите на Земјата.

Забот е откриен во местото Епелшејм и не наликува на оние кои му припаѓаат на човековиот вид пронајден во Европа или во Азија. Ова откритие укажува на тоа дека Европа може да биде колевка на човештвото.
Истражувачите одамна го пронашле забот, но поради неговото значење објавиле дури сега. Ова може да значи ново пишување на историјата.
Детална анализа на забот ќе биде направена следната недела.
До сега се веруваше дека модерната цивилизација се појавила во Источна Африка пред 400.000 години. Се верува дека човекот настанал од африканските шимпанза во Африка пред шест до осум милиони години, иако фосилите од тоа време се многу ретки.