„Забавата е загарантирана“: Маск ја најави дебатата со Трамп

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Американскиот претприемач и најбогат човек на светот, Илон Маск, најави дека денеска во живо на социјалната мрежа Х (Твитер) ќе разговара со кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

„Забавата е загарантирана“, објави денеска Маск на својата X платформа со покана за настанот што ќе биде проследен на профилот на Трамп @realDonaldTrump.

За корисниците во Европа, оваа дебата ќе започне два часа по полноќ.

Волстрит журнал (WSJ) на 16 јули објави, повикувајќи се на анонимни извори, дека Маск планира да донира околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој ја поддржува претседателската кандидатура на Доналд Трамп.

Комитетот „America PAC“, основан на крајот на мај, финансиски е поддржан од други познати личности од технолошкиот сектор, како што се браќата Тајлер и Камерон Винклвос, милијардери познати по инвестирањето во криптовалути.

На листата на донатори се наоѓа Антонио Грацијас, директорот на одборот на директори на компанијата на Маск SpaceX, кој претходно беше шеф на одборот на директори на Tesla, пренесува порталот Verge.

Слични содржини