Која ви беше една од омилените книги во детството? Можеби некои од вас сакале да ги разгледуваат енциклопедиите за деца, каде убаво илустрираните страници нè среќаваа со разни занимиливости. Денес споделуваме со вас неколку интересни факти од целиот свет.
Знаете ли дека Леонардо да Винчи додека со едната рака сликал во исто време можел да пишува со другата?
Пирамидата во Гиза е најстарата од седумте чуда на античкиот свет , кое сè уште постои.
Срцето на ракчињата се наоѓа во главата.
Во Антарктикот нема копнени цицачи, но пак има многу пингвини.
Слично на отпечатоците од прстите, секој јазик има уникатен релјеф.
Кога сте се родиле, само за неколку секунди сте биле најмладиот човек на планетата.
Костариканците се статистички најсреќната нација на Земјата.
Колку повеќе среќни сте, толку повеќе антитела генерира вашето тело.
Знаете ли дека топлата вода е потешка од студената?
41% од децата во Африка на возраст меѓу 5 и 14 години работат.
Во антички времиња, Египќаните, кои страдале за смртта на мачките, ги бричеле веѓите.
Во Европа најдолгото име на село е Ланвајрпулгуингилгогерехуарндробуллантисилјогогогох, кое се наоѓа во Велс.
Кралската ботаничка градина во Единбург има најголемата селекција на рододендрон во светот.
Знаете ли дека повеќе луѓе се идентификуваат со ментални нарушувања во САД во споредба со која било друга нација?
Во Кина луѓето ги користат 45 милијарди стапчиња за јадење секоја година.
Социјалната мрежа Фејсбук има 100 милиони корисници во Африка.
Знаете ли дека Сан Марино е единствената држава во која има повеќе автомобили отколку луѓе – 1 263 патни моторни возила на 1000 жители.
Либерија е една од само двете земји во Африка, кои не се колонизирани од европските сили. Другата е Етиопија.