Фотографии кои никогаш до сега не биле видени од познатиот пејач Џон Ленон повеќе од 30 години биле скриени во фиока затоа што нивниот сопственик мислел дека се безвредни, а неодамна го здогледаа светлото на денот. Британскиот аукционер Дарен Џулиен нивната вредност ја проценува на 10.000 фунти.

Раскажа дека во ливерпулскиот „The Beatles Story museum“ неодамна на процена биле донесени 26 фотографии и негативи кои датираат од 1970 година.
Нивниот сопственик, кој сакал да остане анонимен, рекол дека негативите веројатно ги купил неговиот покоен татко додека во седумдесеттите години на минатиот век студирал уметност. Рекол дека во фиоката сигурно се 34 години затоа што татко му верувал дека се безвредни.
Многу лични портрети на Ленон како овие се многу ретки, а вредноста може да достигне 10.000 фунти вели Џулиен.
Негативите го прикажуваат Ленон во најзначајниот уметнички дел од кариерата, кога Битлси се распаѓале, а тој го објавил третиот сингл Instant Karmа.
Беше тоа првиот соло сингл на член од легендарниот рок бенд кој во САД се продаде во повеќе од милион примероци.
Негативите и фотографиите од ноември ќе бидат изложени во музејот на Битлси во Ливерпул, а во текот на 2018 година ќе бидат понудени на аукција.