Во прашање е течен експлозив кој е толку нестабилен што со самото паѓање на под би можел да ве дигне во воздух.

Верувале или не, нитроглицеринот има нова примена – во состојба е да лечи еректилна дисфункција многу подобро од вијагра а и полесно се користи затоа што може да се намачка на половиот орган. Гелот содржи мали количини нитроглицерин, па не постои опасност од пожар.
Имено, Универзитетската болница во Лондон, спроведе истражување и пронајде дека нитроглицерионот делува 12 пати побрзо од вијаграта, а импотенција лечи во седум од 10 случаи.
Во рок од пет минути, 44 отсто од мажите постигнуваат ерекција откако се намачкале со нитроглицерин на половиот орган.
„Потенцијалната предност е брза акција и леснотија во користењето‘, вели урологот Дејвид Ралф за „Сан“.
Несакани ефекти може да биде главоболка, но лекарите се надеваат дека со понатамошни испитувања ќе може да ја надминат таа непријатност со точно дозирање.