Забраната на цигарите ќе спаси 1 милијарда луѓе до крајот на векот

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Водечките експерти повикаа на глобална кампања “свет без пушење до 2040 година”, која може да го спаси животот на една милијарда луѓе.cigarette-dna-damage-thinkstock-155670255-617x416

Ако сиот тутун биде повлечен од употреба во рамките на следните 25 години, водечките истражувачи на јавното здравство сметаат дека една милијарда од смртните случаи од пушењето ќе бидат избегнати до крајот на векот. Ова е можно само под услов да преземеме мерки сега.

Но, кампањата е можна само со поддршка на владите. Професори од Универзитетот во Окленд во Нов Зеланд ги повикаа ОН за напори кон забрана на продажба на тутун.

Тие предупредуваат дека и покрај падот на пушењето во развиениот свет, се очекува употребата на тутун да се зголеми во некои земји во следната деценија, особено во Африка и на Блискиот Исток.