Забрчанец: Борбата против лажните вести е дел од „Акција 21“, ја засилуваме заедно со граѓаните и медиумите

од Берта Китинска

Немаме втор акциски план за борба против дезинформациите, ова што го промовираме е истиот план од пред година- две, но сега го издигаме на повисоко ниво, сега е дел од планот на Владата „Акција 21“ и јас навистина не гледам што е проблем ако ние реагираме кон некого што шири дезинформации, тоа е начин како да укажеме на вистината, изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.

Дополни дека транспаретноста, отвореноста и комуникацијата на Владата кон другите институции, медиумите, новинарите, како и граѓаните, е една од алатките за борба против лажните вести. Владата не е тука за да одредува која вест каква е, но има обврска да реагира ако навистина станува збор за лага и дезинформација, особено ако одредна институција може да провери и да ги изнесе фактите. Забрчанец објасни дека целиот систем за транспарентност и информирање на јавноста бележи успеси и оди нагоре, и според стандардите и според содржината која ја пласира.

„За да станеме членка на НАТО моравме да имаме план за равој, одредено ниво на квалитет, ние тоа го презедовме и создадовме систем. Ние ги презедовме тие чекори и НАТО го знае тоа. Кога е во прашање Министерството за одбрана, таму се почитуваат високите стадарди, односно протоколите за информирање и другите протоколи се на ниво на НАТО стандардите, затоа и сме членка на НАТО.“- рече Забрчанец кога зборуваше за намерата на Владата и јасната определба дека борбата против лажните вести не прекинува, туку напротив се засилува.

Слични содржини