Канцеларот на Германија Ангела Меркел изјавила пред грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека поддршката на Берлин е “јасна и очигледна” , кога тој го покренал прашањето за турската агресија во Егејското Море , пишува грчкиот весник “Катимерини”.

Двајцата одржаа разговор на маргините од самитот  во Брисел.

Меркел, исто така, рече дека соработката ЕУ-Турција за спречување на нелегалната имиграција е ефикасна, но истакна дека е важно да нема тензии во Егејското Море .

За време на разговорите меѓу Ципрас и Меркел, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, се согласија дека соработката на ЕУ со Турција во областа на имиграцијата е ефикасна, но треба да се зајакне.

Исто така, се согласија дека ЕУ и Берлин ќе обезбедат инфраструктура и поддршка на кадарот за зајакнување на граничната полиција, додека ЕУ ќе ја забрза постапката за справување со барањата за азил за бегалци.

 

И разговорите за името меѓу Република Македонија и Грција влегуваат во нова фаза во која Европската комисија се залага за компромис. Токму прашањето за името и резултатите од посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин беа во центарот на вчерашната кратка средба во Брисел меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во неделата во Скопје се очекува да дојдат претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и комесарот за проширување Јоханес Хан. Според грчките медиуми, Меркел повика Скопје и Атина да најдат решение на спорот, додека Ципрас  ја повторил позицијата на грчката влада за наоѓање на долготрајно, стабилно и взаемно прифатливо решение. Тој  го повторил официјалниот став на грчката влада за ерга омнес име, кое ќе се употребува како надвор така и внатре во земјата