Заедничка вежба на МВР и амбасадата на САД

од Vladimir Zorba
92 прегледи

   Припадниците на МВР денеска ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбовните активности, како што информираат од МВР, ќе се одржат во кругот на Амбасадата, поради што ги информираат граѓаните дека како дел од сценариото може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми.

– Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба, велат од МВР.