Заедничките гранични премини со Република Албанија стануваат реалност

од Nikola Popovski
422 прегледи

Денеска, 02.11.2021 година (вторник),  Владата на Република Северна Македонија ја одржа 117-та редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Меѓу другото, Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли меѓу двете земји, кој доаѓа како предлог од Министерството за надворешни работи.

Овој договор ќе го намали времето на чекање на граничните премини и има за цел значително да го олесни движењето на граѓаните меѓу двете земји.

Слични содржини