Заеми, даноци, инфлација: Може ли методите од 1945 година да помогнат во надминување на корона-кризата?

од Nikola Popovski

Финансиските последици од пандемијата со коронавирусот врз светската економија можат да се споредат со ситуацијата по Втората светска војна, а за да се надмине кризата, треба да се испитаат економските решенија направени во 1945 година, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Правењето паралела помеѓу ситуацијата денес и таа после Втората светска војна може да изгледа несоодветно заради огромниот број жртви што војната ги одзеде, но исто така е оправдано со оглед на економскиот и социјалниот шок како резултат на пандемијата на коронавируотс, чии финансиски последици можат да се споредат со последиците од војната, пишува францускиот новинар Жан Пјер Робен.

Во оваа ситуација, вниманието е насочено кон одлуките донесени по 1945 година во Франција и другите земји.

Новинарот потсетува дека дефицитот на буџетот на САД во 1945 година бил 130 проценти. За да ги спасат своите сметки, Американците користеле три фонда – заеми, оданочување и инфлација.

Робен го наведува и примерот на Франција, која, по завршувањето на Втората светска војна, користела „голем национален заем“ како финансиско решение.

Друг можен начин е воведување на „воен данок“, кој Англо-саксонците го нарекувале данок на капитал, пишува новинарот, истакнувајќи дека Французите и Англичаните размислувале за тоа уште во 1919 година, но дека само Италија вовела данок од 3,3 проценти до 54,3 на имот, стекнат после 1914 година.

Слично на тоа, по Втората светска војна, Јапонија вовела данок од 10 до 90 проценти на приватниот капитал во рамките на својата национална програма за реконструкција. Новинарот исто така потсетува дека во 2013 година, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), исто така, размислувал да воведе еднократен данок што ќе го плаќа секое домаќинство во еврозоната чија сметка има позитивен биланс, за да го донесе јавниот долг на ниво од 2007 година.

Фигаро пишува дека третото средство за намалување на уделот на позајмените средства е инфлацијата. Економистот Патрик Артус потсетува дека во раните 50-ти години на минатиот век, кога цените пораснале за 18 проценти на годишно ниво со каматна стапка од 2 проценти, САД успеале да го намалат својот национален долг од 130 проценти од БДП на 80 проценти до 1953 година.

Сепак, новинарот на францускиот весник посочува дека покрај финансиските инструменти, постои и факторот работа.

„Кредитите на Европската централна банка нема да бидат доволни за да се обезбеди поттик за БДП, а највисок принцип треба да биде девизата: „Работа, работа и само работа“, заклучува новинарот.

Слични содржини