Заев: 15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат

од Берта Китинска
287 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев верува дека 15 јули е денот, граѓаните ќе потврдат дека се продолжува по правиот пат.

-СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто гарантирано ќе учествува опозицијата. Избори кои се за спас на државата.Со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела.15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, напиша Заев на својот Фејсбук.

Слични содржини