Заев: Ако има потреба, ќе се слушнам телефонски со Ахмети за кандидатите за техничка влада

од Aleksandar Todeski
204 прегледи

Премиерот Зоран Заев рече дека нема потреба да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во врска со кандидатите кои лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ги предложи како кандидати за членови во техничката влада.

Фото: Борче Поповски

„Веројатно ако имаме потреба ќе се слушнеме по телефон и ќе разговараме за имињата. Верувам дека сите ќе бидеме внимателни при изборот на кандидати за членови во техничката влада“, рече Заев.

Премиерот и лидер на СДСМ повторно истакна дека средбата е на барање на Мицкоски, а поради законската обврска да разговара со најголемата и втората најголема партија за кандидатите за преодната влада.

Заев додаде дека побарал чист мандат од граѓаните и дека за него било огромна чест и одговорност да се служи на граѓаните, но и дека му е драго што успеале да го решат тридеценскиот проблем со соседните земји.

„Се надеваме дека одлуката за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде формализирана. Сето тоа што го направиме беше за да ги задржиме младите, да го европеизираме општеството, сето тоа се случува паралелно. Економските паралели се неспорни, од минусни поминавме во позитивни салда“, рече премиерот.

Одлуки, вели Заев носеле како влада, а сега повторно е ред на граѓаните, тие да бираат.

Слични содржини