„Знаете дека чекаме од ЕУ генерално по тој механизам 200 милиони вакцини за нив, 100 милиони за Западен Балкан, очекуваме и од соседите. Австрија е многу активна, еве во последно време да ја пофалам заради тоа што гледаат начин како да издвојат за нас и другите“, објави вечерва премиерот Зоран Заев.
Според него, ние сме земји кандидати, ние сме со адаптирани законодавства повеќе или помалку сите земји од Западен Балкан.
„Европскиот комесар не информираше дека 70 милиони евра грантови ќе има буквално да се платат вакцините, тоа е важно но не е најважно, најважна е вакцината, ние ќе си ја платиме вакцината. Државата може да ја плати вакцината која и да е од групите на вакцини, дали е Фајзер, дали е АстраЗенeка, дали се било кој од вакцините ќе си ги платиме вакцините, важно е да стигнат навремено“, вели Заев, додавајќи дека без да ги крши протоколите, би бил меѓу првите кои ќе ја примат вакцината.
„Ако притоа е важно за сите да оцениме оти треба да го дадам примерот, јас ќе го дадам веднаш, несакајќи да ги прекршам протоколите односно да ги скокнам лекарите и пензионерите или хронично болните. Меѓутоа, сигурно ќе бидам меѓу првите што ќе ја прими вакцината за да испратам порака дека е здрава, дека е безбедна“, рече Заев.