Заев: Банките ќе го одложат наплаќањето на кредити на гаѓаните до јуни

од Aleksandar Todeski

Претседателите и членовите на комисиите, на советите нема да земаат надоместок за месеците април и мај, ова не е време за екстра надоместоци. Заштедите кои ќе се постигнат задолжително да се објават во фондот за корона кризата, отворен од владата, ова се дел од мерките кои економскиот тим на СДСМ ќе ги даде како предлог на Владата.

„Оние лица кои користат социјална заштита, ќе добијат дополнителна исплата за енергетски додаток. Банките ќе ги одложат сите кредити на граѓаните и на фирмите погодени од кризата за три месеци, односно дека ќе се плаќаат од јуни. Дел од банките ќе го спроведат тоа и повеќе од три месеци“, рече Заев.

Тој посочи дека се запира Законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со извршни дејствија. Работодавците и носителите на платен промет се должни да запрат со исплата на избвршните дејствија до крајот на јуни, освен ако не е алиментација на дете.

 

loading...

Слични содржини