Митко, крајот е на 17-ти октомври бе брат, што се нервираш, полека. Ќе дојде, еве го, вака претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев го почна својот говор на митингот на партијата во Кавадарци, обраќајки му се на актуелниот градоначалник на општината, Митко Јанчев.
-Рекле старите, ако сакаш да имаш добра недела, погрижи се понеделник да ти тргне работата на добро и еве сум понеделнички да ви го донесам најдоброто на вашата општина. Митко, најдоброто за Кавадарци е со Горан Тодоров, додаде Заев во својот говор.
Тој истакна дека како партија и влада не ги делат општините на големи и мали, или важни и неважни.
-Се определуваме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе сториме се за луѓето работат во родното место. Носиме шанса за секого, младите да останат и тука да градат иднина, рече Заев од Кавадарци.