Заев: До крајот на годината минималната плата ќе изнесува 18.000 денари

од Nikola Popovski
480 прегледи

За општините обезбедивме сериозна помош, како никогаш досега од осамостојувањето на државата. Со 50 милиони евра ги раздолживме, а потоа преку разни програми вложивме преку 500 милиони евра во реализација на над 7000 проекти, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев од митингот на партијата во Тетово.

Според него, во моментов имаме најниска стапка на невработеност од осамостојувањето и изнесува 15,9 %.

-Просечната плата ја зголемивме за 6300 денари за само 4 години. Минималната плата од 9000 денари ја зголемивме на 15 200 денари, а тенденцијата до крајот на годината е да изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување од 100%. Пензиите пораснаа во просек од 2000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, веќе од 1-ви јануари ќе расте со многу побрзо темпо, рече Заев.

Слични содржини