Заев до Мицкоски: Штом ветото останува, значи дека се штитат националните интереси

од Nikola Popovski

„Видов за што сака да биде дуелот. Досега петпати прифатив дуел со Мицкоски. Мислам дека имаме многу што да посветиме време на поконкретни работи отколку да разговараме на таа тема која што е јасна за целиот наш народ. Сите детали се знаат, целиот регион знае, цела Европа знае“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 21, одговарајќи на прашањето дали ќе ја прифати поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за нов телевизиски дуел.

Тој додава дека ќе прифати кога ќе има суштина за ТВ-дуел.

„Имајќи предвид дека ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека јас правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ, не само што е контрадикторно, туку е условено едно од друго. Ако направиш предавство, досега требаше ветото да биде тргнато. Или обратно – ако ветото опстојува, така значи дека се штитат националните интереси“, потенцира Заев.

Слични содржини