Заев до судиите и обвинителите: Мицкоски и нивните инсталации веќе не ви можат ништо, на вас е да испорачате правда

од Aleksandar Todeski

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку Фејсбук испрати порака до судиите, обвинителите и поротниците дека сега, откако Законот за Јавно обвинителство е донесен, тие се на ред, да испорачаат правда.

„Да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации веќе не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ, сите ние очекуваме правда – на вас е да ја испорачате“, напиша Заев.

Вчера, владејачката партија предводена од лидерот излезе на марш од Собранието до Кривичниот суд, со цел да се испрати порака до судиите и обвинителите дека по носењето на новиот Закон, тие треба да ја обезбедат очекувана правда.

Да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту…

Публикувахте от Zoran Zaev в Вторник, 18 февруари 2020 г.

Слични содржини