Заев ги повика Албанците, овој пат во поголем број, да му ја дадат поддршката на изборите

од Берта Китинска
185 прегледи

Зборувајќи за меѓуетничките односи на гостувањето во телевизија Клан, претседателот на СДСМ, Зоран Заев потсети на настани од 27 април со цел да илустрира како заедништвото кај политичарите може позитивно да се одрази врз односите помеѓу граѓаните.

„Лузните што ги носам од тие настани се мојот обид да го заштитам претседателот на парламентот, Талат Џафери. Тој не е претседател само на Албанците, тој е и мој и наш претседател. Ако политичарите демонстрираат единство, тогаш многу полесно и граѓаните ќе покажат толерантност, почитување и заедништво. Периодов патува низ многу села со албанско население и многу се чувствувам горд кога Албанците ми пристапуваат, ми покажуваат почит, особено кога ми велат дека сега и државата ги сака нив, а не само тие – неа. Големи премостувања направивме за овие две години работејќи на концептот Едно општество за сите. Јас подеднакво се борам и за Албанците во оваа држава, и тие тоа го препознаваат. Го чекам моментот кога и другите Македонци ќе го прават тоа, но и кога Албанците ќе се борат за Македонците, и ве уверувам дека така ќе биде во нашата држава“- изјави Заев.

Претседателот на СДСМ во телевизиското интервју ги повика гласачите Албанци уште еднаш, овој пат во поголем број, да му ја дадат поддршката на изборите.

Слични содржини