Заев: Градоначалниците да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните

од Nikola Popovski

„Мојата порака е таа што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите – да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено“, изјави премиерот Зоран Заев за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, откако деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

„Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита“, вели премиерот.

Тој рече дека не бил запознаен со новите случувања во општината.

„Оваа недела сигурно ќе реагираам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар“, изјави Заев.

Слични содржини