Знам дека граѓаните на Чучер Сандево се мудри и знаат да препознаат кој се грижи за општините и државата, кој обезбедува повисоки плати и пензии, кој ги унапредува демократијата и слободата, а кој парите на граѓаните ги троши на споменици, на бикови и палми, кој внесува поделби и кој се заканува со враќање режим, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во Чучер Сандево.
Според него, јасна е разликата помеѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ поддржана од Левица.
-Ние водиме напред, тие упорно се обидуваат да не повлечат назад. Но тоа нема да им успее, рече Заев.
Тој повика на масовна излезеност во недела и поддршка за концептот и кандидатите на СДСМ и коалицијата.
-Потребна е масовна излезност во недела. Да не дозволиме да се врати режимот во каков било облика. Потребно е да ја потврдиме правилниот правец по кој треба да продолжат општините и државата, тоа е правецот кој носи повисоки плати, повеќе локални проекти за локален развој. Затоа во недела да гласаме за број 12 за Сашо Комненовиќ за Чучер Сандево да добие одговорен, посветен градоначалник, заклучи Заев.