Заев и честиташе на Меркел за нејзиниот 15-годишен мандат како канцелар

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер и упати честитка на Ангела Меркел по повод одбележувањето 15 години како канцелар на СР Германија.

-Честитки за нашата пријателка, д-р. Ангела Меркел која денес одбележува 15 години како канцелар на СР Германија. Таа ја испишува современата германска историја. Канцеларката e наша блиска пријателка и нѐ мотивира да продолжиме уште похрабро напред, напиша на Твитер премиерот Заев.

loading...

Слични содржини