Заев и Пендаровски изразија сочувство за жртвите во хрватскиот земјотрес и понудија помош

од Vladimir Zorba
299 прегледи

„Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пленковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, сподели на Твитер премиерот Зоран Заев по катастрофалниот земјотрес во Хрватска, по кој веќе се јавува за жртви.

Поддршка упати и претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и до семејствата на сите настрадани“, истакна тој.