Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир 2019

од desk2
137 прегледи

По иницијатива на новинарот Бранко Тричковски и професорот Нано Ружин, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир за 2019.

По тој повод на Универзитетот ФОН, утре, 18 декември, со почеток во 11 часот, официјално номинацијата ќе ја предаде добитничка на наградата во 2015, Тунижанката, Уидед Башауи. Трет иницијатор за номинација на двајцата премиери е европратеникот Стелиос Колуглу.

Колугулу и Башауи денеска ќе имаат средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, владината коалиција.

Утре пред почетокот на номинацијата воведни обраќања ќе имаат Уидед Бушамауи, Стелиос Колуглу, Пратеник во Парламентот на Европската унија во име на политичката партија Сириза, Нано Ружин и м-р Сефер Цаноски, Генерален менаџер на Првиот приватен универзитет – ФОН.

Иницјаторите за номинација велат дека заслугата следува поради Договорот во Преспа.