Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Премиерот Зоран Заев вечерва откако Собранието ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа преку својот Фејсбук профил им честита на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност.

-Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија, истакна тој.

-Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас, додаде премиерот.