Заев им се обрати на младите: Повикајте ги сите да гласаат „За“ вашата иднина

од desk2
87 прегледи

Премиерот на Македонија Зоран Заев, во своето обраќање по повод Денот на независноста, на централната прослава пред Владата ги повика младите да гласаат за својата иднина, но и да ги повикаат сите пријатели, родители, баби и дедовци да го сторат истото.

„Одлучувате дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни или ќе одиме напредв во европските и светските семејства Европската унија и НАТО. Ве повикувам драги млади, драги граѓани на европска Македонија да избереме семејство во кое сме безбедни, во кое имаме сојузници“, рече Заев.

„Вашата генерација има шанса да ја менува Македонија на подобро. Имате шанса еднаш во триесет години да ја менувате судбината на Македонија. Секоја глас е важен. Потребно е да поттикнуваме, да мотивираме. Кажете им на родителите, на пријтелите, на бабите и дедовците дека ова е ваше време и дека треба да зилезат за вас и за иднината на европска Македонија“, додаде Заев.

Рече дека овој историски момент „е поголем од сите нас, од нашите партии и интереси. Да ги оставиме зад нас сите разлики. Имаме можност да одлучиме да застанеме во европското семејство“.

“Во текот на 27 години преговаравме, но не одлучивме ништо. Сега имаме можност за тоа“, порача Заев.

Потсети дека го потпишаа Договорот со Грција со кој се решаваат разликите во спорот со името на Македонија.

„Наша одговорност и света должност беше да го потврдиме идентитетот, но ние и го зајакнавме. Никој повеќе нема дилеми… никој повеќе не го оспорува тоа. Со одлуката на референдумот ја заокружуваме нашата долност за европска Македонија“, рече Заев.