Заев изрази сочуство до најблиските на жртвите од земјотресот во Албанија: Подготвени сме да ја пружиме сета неопходна помош

од Aleksandar Todeski
126 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук статус испрати сочуство до најблиските на жртвите од земјотресот во Албанија. Тој додаде дека државата е подготвена да ја пружи сета неопходна поддршка.

„Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците. Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка“, напиша Заев.

Слични содржини