Заев: Ќе ги продолжиме разговорите со новата бугарска влада, одлука очекувам во декември

од Nikola Popovski
127 прегледи

„Им посакувам среќа и успех на Бугарите на утрешните избори во земјата“, изјави денес премиерот Зоран Заев од Виница.

Тој повтори дека очекува функционален парламент и влада за одблокирање на бугарското вето кон Македонија.

„Ќе ги продолжиме разговорите со бугарската влада. Кога бев последен пат во Софија, ги адресирав сите важни работи. Толку посакуваната одлука ја очекувам кон крајот на годината, односно во декември. Ние не се откажуваме од разговорите и ќе го продолжиме дијалогот, затоа што друг пат немаме“, потенцира Заев.

Во Бугарија денеска е молк пред утрешните предвремени парламентарни избори.

Слични содржини