„Владата е во подготовка на закон за паричен надоместок на стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж. 140 милиони денари ќе бидат потребни“, изјави премиерот Зоран Заев од Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов.
Според премиерот, државата ќе им излезе во пресрет на стечајците.
„Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок, потенцира Заев.
Тој потсети дека како Влада зеле обврска да им излезезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија, кои пропаднале, а луѓето останале без работа.