Синоќа, до доцна во ноќта се поставуваше бројчаникот на кој ќе вртат сумите на вратени пари по судски пат во буџетот на РМ.

Ова беше предизборно ветување на премиерот Зоран Заев, кој повторуваше дека кога ќе дојдат на власт, на Порта Македонија(популарно Триумфална), ќе постави бројчаник кој ќе го отчукува секој вратен денар во буџетот што е украден во време на владеење на Никола Груевски.

 

Вчера, најави дека бројчаникот, негова лична донација, ќе се постави, а во иднина кога ќе бидат вратени сите украдени пари, ќе го покажува времето и температурата.

Заев ова ветување го  кажа во ноември 2016 на митинг во Аеродром кога изјави дека ќе финансира бројчаник кој ќе покажува колку од украдените народни пари од страна на претходната власт се вратени во буџетот.