Заев: Лебот нема да поскапи

од Берта Китинска

Поскапувањето на некои производи во земјава, не е поголемо од поскапувањето од другите земји и дека се прави се да остане економијата стабилна, рече денеска премиерот Зоран Заев

„Растот на цените не е поголем од растот на цените во друте земји. Инфлацијата не очекуваме да биде повеќе од 2,2%. Направивме електричната енергија да не влијае дополнително на други цени, и натаму ја држиме стабилно. Тоа беше целта на Владата.Интервенираме и на други места, се со цел да имаме стабилни цени. Што се однесува до лебот, засега нема причина на поскапување “, рече Заев.

Слични содржини