Заев: Ме плаши порастот на евроскептицизмот кај граѓаните поради самата ЕУ

од Nikola Popovski

„Тврдам дека ако имаме почеток на преговорите со првата меѓувладина конференција и Бугарија продолжува да поддржува, големите проблеми на Историската комисија лесно ќе се решат. Сега во овие околности и малите проблеми се големи“, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Тој потенцира дека го плаши порастот на европскептицизмот поради ЕУ и причините што таа ги дава на евроскептицизмот кај нас.

„Тоа носи вредности на анархизам, автократија и хаос. Нашиот народ преку 85 процети е за вредностите на демократскиот свет“, рече Заев и прашуа чуми ни се годишните извештаи од ЕУ, ако после 16,5 години добиваме напредок во извештаите, а нема напредок во чекорите.

„Тогаш не ни се потребни и се губи смислата. Ние сме поголеми поборници за европски вредности и поголеми имплементатори на европските вредности од некои други земји-членки на Унијата“, истакна премиерот.

Слични содржини