Премиерот во заминување и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев синоќа му честиташе на Димитар Ковачевски, откако новиот претседател на владеачката партија ги објави имињата на новите министри во владата.
-Честитки и со среќа Претседателе! Верувам во подршката од Парламентот, а исто така верувам дека ќе ја има и големата подршка од нашиот народ на кој одговорно и чесно ќе му служи, напиша Заев на Фејсбук, во коментар под објавата на Ковачевски, по синоќешните седници на ИО и ЦО на СДСМ.
Ковачевски синоќа ги најави кадрите за новата Влада.
Станува збор за Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија, а понатаму следат, Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Никола Тупанчевски, министер за правда, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, Јована Тренчевска, министер за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.