Заев на онлајн трибина на Форум на жени: Работиме посветено да создадеме услови на целосна рамноправност

од Vladimir Zorba

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на онлајн конференција на Форумот на жени на СДСМ организирана по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март. Во своето обраќње, Заев истакна дека СДСМ е партија која креира и реализира политики кои имаат за цел да ја унапредат родовата еднаквост, но и да го елиминираат родовото базирано насилство.

„Горд сум што нашите социјалдемократски вредности, нашите политики како Влада се целосно во духот на родовата еднкавост и еднаква застапеност на жените во политичкиот и општествен живот. СДСМ отсекогаш била партија која била прва во промените, лидер во поглед на практики насочени кон родовата еднаквост и разновидност во многу социјални области. СДСМ, како партија, направи историски исчекор не само во нашата земја, туку и пошироко во Европа и светот, со што покажавме дека сме меѓу ретките партии каде родовата еднаквост ја поставуваме на сите нивоа. Еднаквоста е придобивка на генерациските борби за правното врамување на основните права и слободи на човекот, затоа од клучно значење е поставувањето на темелните принципи на еднаквоста помеѓу мажите и жените во нашата партија.“ посочи Заев.

Претседателот Заев ја поздрави иницијативноста на Форумот на жените, кои преку квалитетни издржани мерки и политики влијаат врз подобрување на статусот на жената во општеството.

„Нашиот влог во партијата е со цел да го менуваме општеството. Работиме посветено да создадеме услови на целосна рамноправност преку обезбедување соодветно присуство на жените во сите општествени текови, па и во политиката, преку нивната достапност на врвните позиции во законодавната и извршната власт. Застапеноста на Вас -жените на еднакво ниво со мажите е дел од европеизацијата и модернизацијата на современите социјалдемократски вредности и заложби, со што СДСМ станува партија на квалитетни идеи и вредности кои треба да се негуваат и развиваат“ заклучи Заев.

Претседателот Заев зборуваше за веќе реализираните политики во изминатите неколку години и додека дека СДСМ нема да застане се додека не се постигне вистинска еднаквост во општеството, вклучително и на пазарот на трудот.

„Но исто така, еднакви права за жените и мажите, значи и еднакви плати за жените и мажите. Еднакви обврски за жените и мажите. Нашите економски политики, кои значат подобрување на животот на сите граѓани, на стандардот на работниците се фокусирани и во оваа насока. Понудуваме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, да ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Веќе имаме и резултат. На пример со Оперативниот план за програми и мерки за вработување. Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. И нема да застанеме додека не постигнеме еднаквост на пазарот на труд за да ја поттикнеме мотивираноста, охрабрувањето и определувањето на местото на жените во долгорочниот напредок и емнципација на жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените.“ рече Заев во обраќањето.

Слични содржини