Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.
Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот. А човекот може да биде вистински спокоен и среќен, ако живее во општество на спокојни и среќни луѓе.
Затоа почитувани сограѓани, да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Почнавме даградиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека заедно ќе успееме да обезбедиме квалитетен живот за сите нас.
Бидете чесни и одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата. Нашата заедничка иднина е во економски напредна и просперитетна Македонија, во неа заедно вложуваме и заедно ќе успееме.
Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!“, напиша премиерот Заев во честитката за празникот.