Заев најави нова политика на СДСМ: Никој во партијата нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер

од Nikola Popovski
176 прегледи

„Излегувам со нова програма пред членовите на СДСМ и ја барам вашата поддршка за нов мандат“, изјави денес премиерот Зоран Заев, обраќајки се од седиштетот на партијата.

Тој најави најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјава, почнувајќи од СДСМ.

„Ова е нова политика на СДСМ за новото време. Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните“, рече Заев.