Премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот објави нови инвестиции во државава.
„Она кое што сакам да го знаат граѓаните е дека во овој период е купена фабрика за кабли Неготино, од турска компанија, којашто не работеше години и години, за 6,5 милиони евра. „Дрекслер Мајер” најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања. Овие денови нов погон во Кавадарци исто „Дрекслер Мајер”. „Кромберт и Шуберт” доби една цела нова линија на „Мерцедес”, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација, веројатно се пред одлука за нова фабрика во државава. Со 9 компании во моментов преговараме како за нови странски инвестиции. Очекуваме во втората половина да се вратиме на нормалниот раст”, рече премиерот Заев.
Тој посочи дека петтиот пакет мерки има развојна компонента, дека се јакнат приходите, обртите на компаниите, за да се зголемува извозот, за да отворат погоните и за нови работни места, да се зголемува иновативноста и конкурентноста и компетитивноста насекаде во светот.