Заев: Нашата економија е стабилна, жива и динамична

На заедничката прес конференција заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, се обрати претседателот на Владата, Зоран Заев.

„Владата беше тука за поддршка на граѓаните и здравствено и економски. Вкупните даночни приходи се резултат на 189,9 милијарди денари. Позитивен тренд бележиме и кај придонесите, 102% односно 2% повеќе од планираното. Стоките и услугите се намалени на 85%, односно само 5% помалку од минатата година. Над 11,2 милијарди евра издвоивме за четирите пакети економски мерки. Македонската економија е стабилна, жива и динамична. Ефектите се видливи. По 14,9% пад, го ублаживме падот на 3,2% во рамки на Ковид кризата. Мерките се вистински. Поддржана е најсиромашната маса во земјава, задржани се работните места. Ова е најсериозен аргумент, дека економската и финансиската политика на Владата дава резултати. Во новата година повторно ќе вложуваме во нашиот народ. Тука сме да им помогнеме на сите, буџетот е балансиран со фокус на здравствениот систем. Имаме одговорно креиран буџет. Со подобар стандард, ја носиме Европа дома“, истакна премиерот Заев.

Слични содржини