Заев: Не е време за предвремени избори

од Берта Китинска
212 прегледи

Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале и заедно со локалните.

-Ќе повторам уште еднаш дека треба да престанеме со предвремени избори, поради нив се стопира економскиот развој во државата. Имам јасен правец во кој се движиме, а тоа европеизација.Секои предвремени избори се кочење на процесите, редовните се закажани за 2024 година , а дотогаш навистина треба сите почнувајќи од мене  како и граѓаните да ги засукаме ракави и да работиме повеќе, рече Заев